Програмата за вежбање „Active Body Fit“ ви помага да дојдете до повисоко ниво на физичка спремност со вежби што се повторуваат, со постепено интензивирање и со периоди на одморање. За максимална корист, комбинирајте ја програмата со паметен план за исхрана што ќе му даде поддршка на телото пред, за време на и по вежбање. Овие безбедни и забавни вежби во комбинација со здрав, активен начин на живот ќе ви помогнат да си направите фитнес план и да се придржувате до него.
Секоја недела ви даваме три распореди за вежбање што се состојат од по пет вежби; со секоја од нив мозокот ќе ви биде активен, а телото ќе добива сè поубав изглед. Секое вежбање може да го индивидуализирате според потребите на тој начин што ќе правите стандардни или модифицирани вежби. Секоја недела ќе напредувате од основните вежби до интервалските вежби и вежбите за издржливост, а на крајот на секој месец може да си го тестирате нивото на физичка спремност со предизвик во вежбање. Најдобриот дел е тоа што програмата може да ја почнете во секое време, а вежбите може да ги правите сами или со пријатели; дома или каде и да сакате. Ајде да преминеме на вежбање и да се забавуваме!