Кристијано Роналдо

CR7 го претвора својот сон во реалност
Cristiano Ronaldo
CR7 elevates his game with elite nutrition
Cristiano Ronaldo
Limits exist only so he can surpass them
Cristiano Ronaldo
CR7 го претвора својот сон во реалност

Шампионот во фудбал Кристијано Роналдо, спонзориран од Herbalife, ни кажува како почнал да спортува кога бил мал. Сите во фамилијата на Роналдо го сакале фудбалот и тој израснал со играње фудбал на улица со другарите. Еден ден, татко му, кој работел во фудбалски клуб, го прашал Роналдо зошто не доаѓа и не игра фудбал додека е тој на работа. Од тој ден, Роналдо почнал да оди во клубот, тренирал и добивал помош од татко му. Многу му било убаво што е дел од тим и играл за да ужива. Роналдо вели дека знаел дека се разликува од останатите играчи, но не мислел дека еден ден ќе стане професионалец. Меѓутоа, по три или четири години, Роналдо почнал да размислува на кој професионален тим би сакал да му се придружи. Гледал многу тренинзи и натпревари и добивал сè поголема желба да стане професионален фудбалер.

CR7 ја носи играта на повисоко ниво со елитна исхрана

Шампионот во фудбал Кристијано Роналдо ни раскажува дека кога бил мал не размислувал многу за исхраната и главна мотивација му била само да ужива. Како што растел така почнал да сфаќа колку е важна исхраната. Роналдо вели дека телото го смета за оружје и дека тоа му дава предност пред другите играчи. Тој верува дека регенерацијата по тренинг и натпревар е многу важна за неговите резултати, па затоа стана партнер на Herbalife. Роналдо вели дека ако не го тренира и не му дава соодветно гориво на телото, нема да биде најдобар. А јасно е – Роналдо сака да биде најдобар.

Границите постојат само за тој да ги помине

Шампионот во фудбал Кристијано Роналдо, спонзориран од Herbalife, раскажува како му се исполнил сонот да стане татко. Ужива да му дава совети на синот, да го носи на училиште и сфаќа колку многу го сака. Вели дека советот што му го дава на синот е да верува во себе, вредно да работи и да си ги следи соништата. Му кажува и дека ако сака почит од другите и тој мора да ги почитува нив. Роналдо вели дека во кариерата се стреми да соборува лимити и да постигнува резултати. Ужива да живее во сегашноста и не се грижи премногу за иднината затоа што верува дека ќе биде добра. Роналдо вели дека е во добра физичка кондиција и со нетрпение чека да продолжи да игра.