Кевин Краус

Кевин Краус, кој е вработен во Herbalifе, во последните неколку години секоја година се натпреварува во триатлонот на Herbalife, но оваа година приказната е поинаква. Летово одеше со мотор од одма до работа и доживеа страшна сообраќајна несреќа. Се разбуди во болница, дезориентиран и со сериозна повреда на левата нога. Докторите му извршија девет различни операции, но не можеа да му ја спасат ногата. На 7 јуни 2014 г. му беше извршена делумна ампутација на ногата. Татко му на Кевин објаснува каков спортски човек беше неговиот син и како не можеше да замисли како ќе живее само со една функционална нога. Со денови и недели по несреќата Кевин се фаќаше како си вели „Зошто јас?“ Но тогаш, виде две патеки по кои може да тргне – едната исполнета со самосожалување, сомнежи и жалење, а другата патека на која ќе се исправи пред предизвикот и ќе си докаже себеси дека може да ја помине секоја пречка. Со поддршка од семејството, пријателите и колегите, самосожалувањето веќе не беше опција. Неговите колеги, всушност, му даваа толку голема поддршка што му организираа голема фотосесија на која сите држеа рачно напишани таблички со позитивни пораки. Кевин беше навистина трогнат од гестот.

Неговата мајка опишува како кога се врати од болница со нетрпение чекаше повторно да почне да оди и да посети протетичар. Кога стана и веднаш почна да оди со новата протеза го шокираше докторот. Кевин повеќе од кога било сакаше да го заврши триатлонот и продолжи вредно да вежба за него. На денот на трката беше многу возбуден, но сите подготовки му се исплатеа. Натпреварувањето и поминувањето на целта беше најдоброто чувство за него што долго време го немаше осетено. Кевин вели дека сака да се врати уште посилен за следниот триатлон. Не сака луѓето да го гледаат и да велат „Одлично, супер за него“. Сака луѓето да го гледаат како конкуренција што треба да ја стигнат. Вели дека, најмногу од сè, не сака никој да го сожалува, зашто тој се врати во форма.

„Натпреварувањето во триатлони е главен тест за психички фитнес. Навистина го тера спортистот да ја надмине физичката болка и да ја најде внатрешната сила.“

„Поминувањето на целта на триатлонот на Herbalife беше најдоброто чувство што го немав осетено навистина долго време.“

„Не сакам луѓето да ме гледаат и да велат „Одлично, супер за него“. Сакам да ме гледаат како конкуренција и да се обидуваат да ме стигнат.“

„Не трошете си време да ме сожалувате. Ништо нема да ме запре. Се вратив во форма.“

„Колегите од Herbalife ми организираа голема фотосесија во која сите држеа таблички и се фотографирав со стотици луѓе со кои работам. Многу ме трогна гестот.“

- Кевин Краус