Николас Фукс

Николас Фукс, професионален возач на рели-трки, зборува за огромната возбуда што му ја дава спортот. Нагласува како возењето рели е одлична можност да се дружи со својот тим, што тој го смета за семејство. Страста на Фукс како механичар, и неговата професија како возач на рели, му овозможуваат да биде дел од сè поголеми предизвици во спортот. Фукс зборува за тоа што е потребно во спортот, како натпреварувач во речиси 20 трки годишно, раскажува како трките и тренинзите може да траат и 10 часа, и колку се важни исхраната и фитнесот за неговата успешност. Работи на повеќе аспекти од неговото фитнес ниво, како што се подобрување на стабилноста и одржување на брзината на рефлексите. Анунциата Морис, неговиот спортски нутриционист, зборува колку е важно Фукс да одржува идеална тежина и како производите на Herbalife содржат соодветна количина протеин, јаглехидрати, витамини и минерали што му обезбедуваат гориво за неговите вежби.

 
 
 
 
 
 
 
 

Николас Фукс дебитираше во рели-трките во 2005 год. во Перу на „Presidente de la República“. За првпат победи по две години во категоријата N4 на истата рели-трка. Оттогаш, Фукс си ја задржа репутацијата како најуспешен возач во Перу со континуираните победи на државните првенства во рели. Во центарот на вниманието дојде кога го освои првенството кога за првпат се појави на „2009 Inca Trail Rally“, еден од малкуте преостанати натпревари на долги растојанија во светот. Во 2011 год., Фукс го покажа својот талент на „Production Car World Rally Championship“ и освои петто место со извонреден настап. Во 2013 год. стана шампион на „Production Cup“ откако освои шест последователни трки, со што стана првиот перуански возач што ја добил оваа награда. Во 2014 год., Фукс се натпреваруваше во Светското првенство во рели 2 [WRC2], во кое возачите и спортските автомобили се изложени со најтешки и најразновидни услови на планетата.

„За овој спорт ви треба голема страст. За мене за да возиш сè што ти треба е страст.“

„Спортот возење рели ви предизвикува фантастично чувство. Тоа е чист адреналин.“

„Кога треба да поминете 10 часа во автомобилот, нема ништо поважно од појадокот наутро. За возење ви треба огромна енергија.“

—Николас Фукс